Michelin од стари гуми прави алки за специјални часовници

- Advertisement -

Компаниите Michelin и Bamford London заеднички ќе произведат 133 примероци од специјалниот часовник кој ќе содржи рециклирана гума. Michelin можеби е и најголемо име кога станува збор за развој на гуми, а станува збор за доставувачи на некои од најдобрите и најбрзите автомобили во светот вклучувајќи го и Porsche 911 GT3. Освен што пронаоѓаат најдобра мешавина на гуми, Michelin бара и начини за претворање на пластичните шишиња во гуми.

Сега француската компанија сака да го искористи и отпадот и од него да направи ограничен модел на часовници, чија алка ќе биде направена од рециклирани Pilot Sport гуми. Во соработка со компанијата Bamford London ќе произведат само 133 примероци од часовниците, по еден за секоја година постоење на MIchelin, кој е основан во 1889 година.

- Advertisement -

Часовникот ќе го носи името Michelin x Bamford B347 Pilot Sport и е базиран на стандардниот швајцарски часовник Bamford B347, кој пристигна на пазарот минатата година. Оваа специјална верзија на часовникот ќе се произведува од врвни материјали, а куќиштето со големина од 41,5 мм ќе биде направено од карбонски влакна. Дел од часовникот ќе биде автоматскиот механизам Sellita SW510.

Со еден допир на копчето сместено во часовникот ќе се се стартува или ќе се стопира часовникот. Тахниметарот е јасно инспириран од трките со карираниот примерок, а посебната нијанса на жолта боја на Michelin ги истакнува секундите. Белите детали на црниот бројчаник потсетуваат на гумите, кои некогаш биле бели.

- Advertisement -

Алките за часовниците ќе се произведуваат од рециклирани Michelin Pilot Sport 5 тест гуми и ќе ги краси примерок од споменатите гуми. Часовникот ќе чини околу 2.900 евра.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Bamford)

Сподели!
- Advertisement -