Авиопревозник од Нов Зеланд воведува кревети за спиење на долгите летови

- Advertisement -

„Ер Нов Зеланд“ наскоро ќе дозволи патниците во економска класа да прилегнат и да отспијат во кревети на кат во нивните авиони, со намера да им го олесни патувањето на патниците кои ги користат нивните долги летови кои траат и по 17 часа.

Од авиокомпанијата велат дека ова е првпат во светот да се воведува ваква услуга за патниците и додаваат дека новите кабини ќе бидат функционални од 2024 година, пренесува Гардијан.

- Advertisement -

На патниците и во економска и на оние во прва класа и понатаму ќе им се продаваат и традиционални седишта. Сепак, овие патници сега ќе имаат можност, со доплата, да си резервираат 4-часовна сесија во овие кревети, кои компанијата ги има наречено „Небесно гнездо“.

Креветите ќе бидат распоредени еден над друг и ќе имаат душеци и покривка, кои ќе бидат менувани од екипажот после секоја резервација. Секое легло ќе има завеса за поголема приватност, УСБ приклучоци за полнење на електронските уреди и вентилација.

- Advertisement -

За да се овозможи оваа посебна просторија ќе бидат отстранети пет седишта од економската класа во осум од нивните авиони Боинг 787-9 кои ќе ги добијат кон крајот на 2024.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -