Универзитетот МИТ предложи создавање вселенски штит за ладење на Земјата

- Advertisement -

Институтот за технологија на Масачусетс предложи радикална метода на борба против ефектите на климатските промени. Тим од истражувачи предлагаат користење на флота од вселенски меури кои би ја рефлектирале сончевата светлина од Земјата. Колку и да е неверојатна оваа идеја, факт е дека ако се реализира, луѓето нема да мора драстично да го намалат користењето фосилни горива.

Додека некои научници предупредуваат дека геоинженерингот вообичаено е е опасно одвраќање на вниманието од вистинската работа која мора да се направи за да се намали емисијата, други велат дека мора да ги процениме сите опции, а меѓу нив се и вселенските меури на МИТ.

- Advertisement -

Станува збор за нованформа на соларен геоинженеринг, која е дизајнирана да ја рефлектира светлината од Земјата за планетата да се излади и да се спречат најлошите ефекти од климатските промени. Најмногу изучуваната техника на соларен геоинженеринг подразбира вбризгување на рефлектирачки честички на аеросоли во горната атмосфера. Меѓутоа, потенцијалното негативно влијание на таквите методи уште не е истражено, што значи дека техниката уште е даелку од тоа да се смета за одржлива опција.

Пристапот на тимот на МИТ би бил поинаков ии наместо вбризгување честички во земјината атмосфера, сончевата топлина би се рефлектирала од вселената, а тоа би значело избегнување на користење потенцијално штетни честички во нашата атмосфера.

- Advertisement -

Научниците ја проучуваат можноста за позиционирање на штит направен од вселенски меури во Лагрангеовата точка 1, која е релативно стабилна орбитална точка во вселената каде што гравитационата сила на Земјата и Сонцето се изедначува. Во таа точка е позициониран и вселенскиот телескоп James Webb.

Најголема препрека за оваа метода е логистиката. Тимот на МИТ верува дека штитот би морал по големината да биде отприлика колку Бразил, но научниците веруваат дека меурите ќе може да се произведуваат во вселената за да се намалат трошоците за лансирање.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -