Рекордни загуби: Најлоша година во историјата на авио-индустријата

- Advertisement -

Кризата предизвикана од корона вирусот ќе предизвика рекорна годишна загуба кај авионските компании од 84 милијарди долари. Поради тоа 2020 година ќе се памети како “најлоша година во авио-индустријата“, објави Меѓународното здружение за водушен сообраќај (IATA).

Додека процесот на опоравување на авио патувањата се забрзува во Азија и почнува постепено да се воспоставува во Европа и Северна Америка, авио-компаниите ги бројат трошоците од повеќемесечните загубени патувања, зголемените долгови и намалените изгледи за идна побарувачка.

- Advertisement -

Главниот директор на IATA Александар де Јуниак, како што пренесуваат светските медиуми, очекува дека следната година авио-сообраќајот ќе порасне за 55%, од депресивно ниското ниво годинава, но и понатаму ќе биде 30-тина проценти пониско од 2019 година. Очекувањата се дека и во 2021 загубите ќе бидат најмалку 15,8 милијарди долари.

Очекувањата и прогнозите се песимистички затоа што и на пазарите каде заразата опадна, потрошувачите се внимателни. Британските власти воведоа 14 дневен карантин за патниците кои ќе слетаат таму што наиде на остри реакции во туристичката индустрија па сега се разгледува можноста таквиот режим да се ублажи.

- Advertisement -

IATA апелира до владите да се воздржат од карантински мерки кои ќе ги предомислат патниците од патување потенцирајќи дека сигурносните мерки во авионите се адекватни.

Сподели!
- Advertisement -