80.000 сопственици на биткоин повеќе не се милионери

- Advertisement -

Податоците од BitInfoCharts открија дека вкупно 108.886 биткоин адреси поседувале над 1 милион долари вредност на биткоин во ноември минатата година, кога биткоин имаше највисока вредност од 68.789.63 долари. Сепак, после падот на крипто пазарот над 80.000 сопственици на биткоин го изгубија статусот на милионери затоа што сега биткоин вреди само околу 19.000 долари.

Извештајот откри и дека само околу 26.000 сопственици на биткоин сега имаат над 1 милион долари вредност на криптовалутата, што значи дека надолниот тренд на крипто пазарот значително го намалил бројот на биткоин милионери за над 75% во само девет месеци.

- Advertisement -

Падот на крипто пазарот го намали и бројот на биткоин милионери со над 10 милиони долари, односно има пад од 10,587 на 4,342 такви биткоин адреси.

И покрај падот на нето вредноста на поранешните биткоин милионери, мечкиниот пазар забележа над 13.000 новодојдени сопственици на најмалку 1 биткоин.Тоа значи дека интеститорите собираат биткоини додека му е вредноста на најниско ниво.

- Advertisement -

(Investors King)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -