Рецензија на T-Phone Pro: Најдобриот буџет-телефон на пазарот само што пристигна во Македонија

- Advertisement -

Повеќе од една деценија по појавувањето на првите комерцијални смартфони на пазарот, сега тие се насекаде и во сечија рака. Со цел да обезбеди вистински „демократски“ пристап до најновите технологии, Deutsche Telekom ги презентираше новите T-Phone и T-Phone Pro – смартфони направени за современиот корисник, со цена достапна секому.

Ова е првиот смартфон направен од брендот на Deutsche Telekom (односно во нашата земја Македонски Телеком) кој е комерцијално достапен на пазарот. Се работи за два модели со различни димензии и спецификации, кои претставуваат решение на дилемите кои ги поставува прашањето „Каков смартфон ми е потребен?“. Денеска го користиме T-Phone Pro и во рецензијата во продолжение ќе дознаете точно зошто тоа е вистинскиот избор за ваш следен телефон.

- Advertisement -

Како што беше истакнато на официјалната презентација на двата модели, целта на Телеком е да на корисниците им понуди смартфон со 5G можности, карактеристики споредливи со средната и средно-високата класа на телефони, а по цена која е и повеќе од конкурентна во споредба со опциите на пазарот. Со понудата од два различни модели, корисниците добиваат поконкретен избор кој ги адресира нивните потреби – од брз процесор, меморија, солидна батерија, па се’ до моќна камера и 5G конекција, која во нашата земја е веќе достапна преку мрежата на Телеком.

Од тоа што можеме да забележиме, според карактеристиките и цената, T Phone Pro има доволно атрактивна цена за да се позиционира како фаворит во својата категорија.

- Advertisement -

Тој се истакнува со одличен дизајн, приспособен на секоја рака и допадлив за око. Посебно се истакнува рамната рамка околу уредот која прави да држењето и користењето се многу повеќе пријатни од најчесто користените заоблени страни кај Android конкурентите.

Целата изработка од телефонот, која е од пластика, е направена во мат изведба, нешто што ни остави особено добар впечаток, посебно во поглед на чувството додека го држевме телефонот во рака. Модулот со четири камери на задната страна и сијаличката за сликање (блицот) се скоро израмнети со површината, со што Телеком покажува дека не сака бесполезно да го следи трендот на константно зголемување, туку се обидува да направи телефон кој е полесен за користење и чување во дланка.

- Advertisement -

На левата страна од телефонот е поставен само „слотот“ за SIM картичката, што значи дека ништо друго не ја нарушува „мазноста“ на рамката. Копчињата се поставени на десната страна, а копчето за заклучување е скоро израмнето со рамката и во него е вграден сензорот за отпечатоци. На долната страна се поставени влезот за слушалки и полначот, како и звучникот и еден микрофон, а уште еден е поставен на горната страна.

На предната страна рамките се доволно мали и не се добива чувство на гломазност. Ова можеби не важи за рамката на долната страна, односно „брадата“, но тоа не го менува нашиот впечаток бидејќи никако не одзема од корисничкото искуство. Предната камера е поставена во таканаречениот „солза“ исечок, нешто што стана карактеристично за оваа класа на телефони изминатите години, а е можеби и подобро решение во споредба дупката која ја имаа претходниците. T-Phone Pro доаѓа со екран од 6,82 инчи и гарантира дека вашите фотографии, видеа и сите останати содржини ќе можат да се впијат во целост, без да се загуби ниту еден детал. Резолуцијата на екранот е 1640х720 пиксели, со густина од 262 пиксели на инч.

Иако Телеком го става акцентот на 5G функционалноста, сепак според нас најважен адут на T-Phone Pro е неговиот оперативен систем – чист Android развиен во соработка со Google. Во последните години Google имаше можност да го усовршува Android системот преку сопствените Pixel телефони, па тука, со T-Phone Pro се добива впечаток дека ја добивате буквално најдобрата верзија од она што има да го понуди најпопуларниот оперативен систем во светот.

Со T Phone Pro се добива смартфон кој е едноставен и лесен за користење, без непотребните апликации кои ги инсталираат другите, како и без многу додатни функции кои корисниците ретко ги користат, посебно кај оваа класа на телефони. Користењето на чист Android влијае и на брзината на работа на телефонот, а соработката со Google која ја имаат од Телеком при неговото дизајнирање овозможува максимална оптимизација за одлични перформанси.

Една предност која не треба да се заборави при користењето на чист Android е достапноста уште на Google апликациите, како Phone, Photos и слични. Овие апликации обично овозможуваат нешто повеќе функции од другите алтернативи, па не се ретки корисниците кои на своите уреди ги инсталираат овие апликации наместо да ги користат тие од нивниот производител.

Телефонот работи на MediaTek Dimensity 700 чип со осум јадра, има четири задни камери и една предна. Како што напоменавме погоре, телефонот работи Android 12 и оптимизацијата и едноставноста доаѓаат до израз при користењето.

Една од основните работи по кои може да се забележи работата на еден телефон е брзината на инсталација и надградба на апликациите, па би можеле да кажеме и дека бевме позитивно изненадени. Втората работа која е голем показател за какви се перформансите на еден телефон е фотографирањето. Од вклучувањето на камерата и нејзина спремност за фотографирање, до самиот процес на обработка на фотографијата, односно брзината на сликањето и можноста веднаш да се префрли телефонот во друга активност, е поважно од било кој „бенчмарк“ кој дава релативни резултати. T Phone Pro се покажува одлично според факторите кои ние ги зимаме во предвид, а повторно, сме и до некаде изненадени од перформансите со оглед на неговата цена.

Во забрзаниот свет во кој живееме, повеќето луѓе очекуваат работите да траат долго време. Токму тоа е случајот со батеријата на T-Phone Pro од 5.000 mAh, која не само што е доволна моќна за да издржи целодневна работа на телефонот, туку и доаѓа со опција за брзо полнење од 15W за да одземе сосем малку време пред да биде повторно подготвен за долго користење. Со одличниот чип, број на пиксели и начин на оптимизација, T Phone Pro успева да го помине денот со само едно полнење без никаков проблем.

Нашиот финален заклучок е дека T-Phone Pro е телефон за секој што сака да ја има последната, најсовремена во своите раце, а притоа не сака да одвои големи суми за премиум брендирани телефони кои најчесто се поскапи од што би сакале да си дозволиме. Врвните перформанси му даваат на овој смартфон врвна препорака, а стилскиот дизајн и ниската цена ни навестуваат дека тој набрзо ќе стане вистински хит кај корисниците во годината која доаѓа.

Сподели!
- Advertisement -