G7 размислува житарките од Украина да се транспортираат преку Дунав

- Advertisement -

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека лидерите на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (G7) ја разгледуваат можноста житарките од Украина да се транспортираат преку Дунав, пренесува BBC.

Тој во своето обраќање пред британскиот парламент наведе дека лидерите на G7 размислуваат испраќање на житарките со помали количини преку преката наместо со големи поморски конвои преку Црното Море.

- Advertisement -

Џонсон додаде и дека Велика Британија не сака да ја прекрѓи конвенцијата од Монтреал, со која се регулира поморскиот сообраќај преку Црното Море, и дека постојат алтернативни решенија кои не бараат присуство на британските воени бродови.

Светската трговска организација претходно оцени дека кризата со снабдување со храна поради руската инвазија врз Украина ако не се направи некаква интервенција ќе трае со години.

- Advertisement -

Милиони тони житарки се наоѓаат во складишта на пристаништа во Украина затоа што не можат да бидат извезени поради мините во Црното Море и руската подморска блокада.

(Beta)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -