Facebook објави кои биле најпопуларните теми на социјалната мрежа во 2017 година

- Advertisement -

Веќе се приближуваме кон крајот на годината, и Facebook објави кои приказни привлекле најмногу внимание на најпопуларната социјална мрежа годинава. 

Меѓународниот ден на жената кој се одбележува на 8. март, оваа година бил најпопуларната тема на Facebook поради маршот кој повеќе организации го организираа низ САД, не само за да ги слават жените низ светот, туку и за да ја подигнат свеста за одредени проблеми.

- Advertisement -

Во својот годишен преглед Facebook објавиле дека втора најпопуларна тема бил американскиот Super Bowl, а истиот бил најгледан настан во годината. Споделувањата на видеа поврзани со Super Bowl на мрежата оствариле 262 милиони прегледа.

Луѓето на различни начини реагирале и на трагичните настани низ светот кои ја одбележаа годината. За трагичниот напад во Лас Вегас збореше целиот свет, а преку алатките на Facebook, 3300 луѓе се приклучиле во помагањето на локалната заедница. После друг напад, оној во Манчестер, беше организиран и голем хуманитарен концерт, а преносот во живо привлекол 80 милиони прегледи и собрани 450 000 долари за жртвите.

- Advertisement -

Со алатката на мрежата која овозможува корисниците да ги известат своите пријатели дека се на сигурно, милиони корисници го направиле тоа после земјотресот во Мексико.

Луѓето преку мрежата покажале и дека мислат на другите за време на ураганот Харви кога собрале 20 милиони долари само на Facebook за да им помогнат на погодените.

- Advertisement -

Но Facebook не е место кое ги собира луѓето само во дигиталниот свет. Повеќе од 20 000 Facebook настани во 80 земји биле организирани годинава за да се гледа во живо помрачувањето на Сонцето, а маршот на жените во Вашингтон на 8. март собра повеќе од 500 000 луѓе.

Сподели!
- Advertisement -