Во текот на минатиот месец беше соопштено дека сателитскиот интернет на SpaceX наскоро ќе биде достапен на бродовите-крстосувачи на Royal Caribbean Group. Сега Федералната комисија за комуникации на САД на SpaceX му дозволи да го прошири својот интернет за употреба во возови, бродови, авиони итн., пренесе CNN.
Компанијата Hawaiian Airlines уште во април годинава склучи договор со SpaceX и ги најави своите амбициозни планови да го пушти во употреба Starlink на некои од своите летови. Веќе подолго време авините, бродовите и возовите за интернет користеа зателити во геосинхроновата орбита, кои се оддалечени повеќе од 36.000 км. Starlink на SpaceX досега има илјадници сателити во ниската орбита на Земјата, односно само неколку стотици километри од површината и ветува многу мало доцнење на сигналот.
Извршниот директор на SpaceX, Илон Маск, претходно тврдеше дека неговиот интернет Starlink функционира во возила во движење, вклучувајќи ги авионите, но уште не е толку стабилен. Во меѓувреме од Royal Caribbean Group напишаа писмо до Федералната комисија за дозвола за користење на услугите на Starlink.
„Веруваме дека го најдовме вистинското футуристичко решение за нашите бродови. Нашата соработка со SpaceX, која е прва од таков тип во индустријата за пловење, ќе псотави стандарди за другите оператори со крсторувачи и ќе значи чекор во вистински правец за подобро корисничко искуство и бизнисите на море“ велат од Royal Caribbean Group.
Што значи тоа за обичните луѓе? Тоа значи дека сега стаелитскиот интернет ќе биде достапен во секое време и секаде. Нема да мора да го гасите телефонот кога летате во авион, кога патувате со брод или возите од земја во земја. Но, колку ќе чини сето тоа? Тоа допрва ќе го дознаеме.
(Interesting Engineering)
(фото: Starlink)