ВИДЕО: Германски стартап направи чизми со хидраулика за постабилно одење

- Advertisement -

Германскиот стартап Terrain пушти во продажба високи чизми за планинарење наречени Ascent, кои содржат технологија која ги чува вашите зглобови од пвореди. Чизмите во себе сокриваат иновација од стартапот Betterguards Technology – ходраулички чип за стабилизација на стапалата, кој се стврднува при јаки удари на зглобовите и спречува изврштување на стапалото.

Според некои истражувања на Betterguards Technology, 40% од повредите на планинарење се токму на зглобовите. Адаптивниот систем на Вetterguards ги штити зглобовите на Terrain Ascent чизмите и е прва таква примена на новата технологија во планинарски обувки.

- Advertisement -

Кога ќе се открие силата на ударот во форма на свиткување на зглобовите, хидрауликата на Betterguards веднаш се зацврстува и ги стабилизира зглобовите, спречува свиткувањ еи повреда и им овозможува на планинарите брзо повторно да заземат рамна положба и да продолжат природно да се движат напред.

Од Betterguards велат дека нивниот потпирач на ногата реагира трипати побрзо отколку обичната човечка реакција, на тој начин помага да се спрели пвореда. Освен за планинарење, технологијата се користи и за стегнување на патики, а се истражува и како решение за повреди на зглобовите во новиот технолошки инкубатор на НБА, Launchpad.

- Advertisement -

Чизмите прво ќе се продаваат на европскито пазар, а сето производство

е се врши во Европа. Во продажба ќе има и машки и женски обувки, а ценитер наскоро ќе бидат овјавени.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -