На почетокот на оваа година лускузниот бренд Bulgari лансираше механички рачен часовник под името Octo Finissimo Ultra, кој има дебелина од само 1,8 мм и беше прогласен за најтенок во светот. Но, сега швајцарската компанија за луксузни часовници Richard Mille сега го презеде тој рекорд со својот часовник RM UP-01 Ferrari, кој е потенок од него за 0,005 мм.
И покрај речиси незначителната разлика во дебелината, Bulgari својот часовник повеќе не може да го рекламира како најтенк на светот, а Richard Mille може да се фалат со тој рекорд, иако тоа не значи дека ќе имаат подобра продажба.
RM UP-01 Ferrari е тежок 30 грама заедно со каивчето, а како што кажува и самото име, направен е во соработка со Ferrari. Со оглед на тоа дека цената е 1,888 милиони долари, јасно е дека ќе можат да си го дозволат само некои сопствени на возила од Ferrari, кои во својата гаража веќе имаат брз италијански црвен автомобил.
Richard Mille го направил часовникот од 90% титаниум од петта класа, 6% алиуминиум и 4‚ ванадиум, а ќе биде достапен во ограничена серија од само 150 примероци. Како што вели производителот, поради механички својства на тие материјали, часовникот е наменетн за користење во аеруонаутиката, астронаутиката и автомобилската индустрија. Како што додаваат од компанијата, за развојот, изработката и тестирањето на часовникот потрошиле нешто повеќе од 6.000 часа работа.
(Vidi.hr)
(фото: Richard Mille)