Финци ја направија првата песочна батерија за евтино далечинско греење

- Advertisement -

Финска најголем дел од својот гас добива од Русија, па затоа војната од Украина го стави акцентот на прашањето за зелена енергија. Земјата има најдолга граница со Русија од сите земји-членки на ЕУ, а Москва го стопираше снабдувањето со гас и електрична енергија после одлуката Финска да се приклучи на НАТО.

Загриженоста околу изворите на топлина и светлина, посебно поради долгата, ладна финска зима, ги обедини политичарите и граѓаните. Моментално најголем дел од батериите се прават од литиум и се скапи, а може да складираат само одредена количина вишок енергија.

- Advertisement -

Но, во градот Канкапаа тим од млади фински инженери ја доврши првата комерцијална инсталација на батерии направени од песок, за кои веруваат дека може да го решат проблемот со складирање енергија на евтин начин со мали штетни ефекти.

Тие поставиле таква батерија во електраната Ватајанкоски, која управуа со системот за далечинско греење во тој регион. Кога цените на енергијата се повисоки, батеријата испушта топол воздух кој ја загрева водата за системот за далечинско греење, која потоа се пумпа во домовите, канцелариите, па дури и локалните базени.

- Advertisement -

(Al Jazeera)

(фото: Maxpixel)

Сподели!
- Advertisement -