Се топат олимписките градови – до крајот на векот само мал дел ќе имаат снег за зимски спортови

- Advertisement -


Само 1 од 21 град кои изминатите 50 години биле домаќини на зимските олимписки игри до крајот на овој век ќе имаат услови за зимски спортови, Новата студија покажа дека единствениот начин да се спречи тоа е да се избегне или да се намали емисијата на стакленички гасови. Студијата доаѓа во време кога организаторите на Зимските олимписки игри во Кина имаат недостиг на снег.

Годинава, прв пат во историјата, Зимските олимписки игри се речиси 100% зависни од вештачки снег. Тој тренд веројатно ќе стане нормален ако во наредните години климатската криза продолжи да се развива со ова темпо. Како што напредува глобалното затоплување, временските услови стануваат непредвидливи. За организаторите на Зимските олимписки игри тоа значи замена на вистинскиот снег со вештачки.

- Advertisement -

Вештачкиот снег има други недостатоци. Скап е и потребни се ресурси за кои е потребна многу енергија и вода. Освен тоа, таквиот снег троши многу енергија за да се одржува. Многи олимпијци од Зимските олимписки игри велат дека условите им го отежнуваат учеството во игрите и се чувствуваат помалку безбедни.

На Зимските олимписки игри, кои моментално се одржуваат во Пекинг, италијанската компанија TechnoAlpin го обезбеди снегот за да се покријат четири од стазите. Дури и со вештачкиот снег Зимските олимписки игри се соочуваат со многу предизвици кои не е лесно да се решат. Една од критичните компоненти за правењето вештачки снег е температурата.

- Advertisement -

Во случајот со Пекинг најголем предизвик било да се достигнат тoлку ниски температури за да замрзне водата. Во изминатите 30 години просечната температура во февруари во Пекинг била над степенот на мрзнење. Тоа и други фактори уште повеќе ќе го отежнат одржувањето на зимските спортови во иднина.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -