Канада ги укинува санкциите на турбините за Европа да добие гас

- Advertisement -

Канада ќе одобри укинување на санкциите за враќање на поправените руски турбини во Германија, на која и се потребни за одржување на работат ана гасоводот Северен тек 1, најави канадскиот министер за природни ресурси.

Канадската влада, која издава дозвола за исклучок на повратот на турбините од своите санкции за Русија, истакна дека тој потег ќе ја одржи способноста на Европа да има стабилна енергија по пристапна цена додека се врши преминот од руската нафта и гасот кон други алтернативи.

- Advertisement -

Канада најави и дека ќе ги прошири санкциите кон рускиот енергетски сектор за индустриско производство. Новите санкции ќе се применуваат на копнениот и цевководниот транспорт и производството на метал и превозот на компјутерска, електронска и електрична опрема, како и машини.

Земјата додаде и дека поради недостиг на потребните количини природен гас германската економија ќе претрпи значителни тешкотии, а самите Германци ќе бидат во опасност да не можат да ги греат своите домови како што се приближува зимата.

- Advertisement -

Турбините прво би биле испратени во Германија, која потоа ќе ги испорача до руски Газпром.

Газпром го намали капацитетот на гасоводот Северен тек 1 на само 40%, а како причина го наведе одложениот поврат на опремата која ја сервисира германски Siemens во Канада. Од Кремљ најавија дека ќе ја зголемат испораката на гас за Европа ако бидат вратени турбините.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -