Денес симболично беше прославено ставањето на темелот на првата смарт зграда која започна со градба во Битола и која уште во претпродажба ги има имињата на своите прво идни станари.
X7 е првата и единствена смарт зграда која како инвестиција влегува во Битола и ќе располага со 75 станбени единици кои ќе имаат од 30 m2 до 129 m2.
15 различни типови на станови со идеален распоред, се прв пример на одлична функционалност, врвен комфор, енергетска ефикасност и зголемена безбедност и сигурност на домот.
Лоцирана е на атрактивна локација во Комплексит касарна – кај Стокомак, во непосредна близина на централното градско подрачје на Битола.
Според инвеститорите, Х7 претставува иновативната визија на паметно живеење, а со нејзините предности нљ едноставно, целосно управување со уредите во паметниот дом – со единствена мобилна апликација и мануелна контрола, 24/7 безбедност на домот, како и со огромна заштеда на електрична и топлинска енергија, прави голем исчекор во градбите на иднината во нашиот регион.
“Првата смарт зграда во Битола започна со градба и во експресен период за градба во наши услови ќе биде готова.
Ставањето на темел, за нас во градежната индустрија има повеќезначна симболика, но она што е важно е дека со експресно брза динамика започнуваме со вкупните бетонски работи и овој проект многу брзо ќе се финишира. Убаво е чувството на самиот старт да знаете дека сте ја добиле довербата од купците на становите, ги имаме и првите идни станари, како што е во овој наш случај. Тоа е знак дека Битола е подготвена за иднината преку футуристичко домување во првата паметна зграда.
Ова е инвестиција која ги менува правилата во каков дом треба да се инвестира. Оттука и огромниот интерес да се има стан токму во Х7”-истакна Крсте Неделковски, извршен директор на СмартБит проектот.
Во Х7, ќе бидат сместени 75 луксузни станбени единици, а станарите на располагање ќе имаат простор за забава и дружење опремен со билјард, пикадо, мини кино, пинг понг, rooftop тераса за правење скара и маси за дружење, спа и фитнес центар, детска градинка, маркет и аптека.
Автоматизирани се сите процеси уште во фаза на градба, а применети во осветлување, греење, климатизација, безбедност и редица други детали.
Деновиве на идните станари на Х7 им се понуди и одлична можност со 0% камата, 0% учество за кредитирање во Х7.
Локација на Х7 https://goo.gl/maps/nisN2uhZ1vqWFm5h6
Дополнителни информации на 071 777 279