Растенијата произведуваат аспирин кога се под стрес

- Advertisement -

Нова студија објавена во весникот Science Advances утврди дека растенијата произведуваат лековити состојки кога се под стрес. Во студијата истражувачите користеле растение наречено арабидопсис и откриле дека произвело салицилна киселина, позната како аспирин, кога било под стрес.

Арабидопсис и многу други растенија се покажало дека имаат механизми за самолекување кои ги користат за справување со стрес. Предизвикувачи на стресот кај растенијата се на пример напади од инскети, суша или преголема топлина или студ. Медицинските супстанции кои ги произведуваат им помагаат полесно да заздрават внатрешно.

- Advertisement -

Освен тоа, салицилната киселина се генерира во повеќето растенија како одговор на стресот. Стресот кој го предизвикуваат климатските промени може да резултира со високи нивоа на салицилна киселина за заштита на хлоропластите во растенијата, каде што се случува фотосинтезата.

„Би сакале да можеме да го искористиме стекнатото знаење за подобрување на отпорноста на посевите. Тоа ќе биде од суштинско значење за снабдувањето со храна во овој наш претерано топол и светол свет“ вели Џин-Женг Ванг, генетичар за растенија и прв коавтор на студијата.

- Advertisement -

Кога е под стрес, човечката кожа произведува реактивни видови на кислород (ROS) наместо крема за сончање, предизвикувајќи изореници и бенки. Истото се случува кај растенијата, иако високите нивоа на ROS може да бидат смртоносни. Сепак, пониската количина на ROS е битна за растенијата да произведуваат салицилна киселина.

Со оваа студија истражувачите се надеваат дека ќе можат да ги заштитат и да ги зачуваат растенијата и со тоа целиот екосистем.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -