Успешно тестиран првиот комерцијален електричен авион во светот

- Advertisement -

Првиот комерцијален електричен авион во светот, односно хидроавион на електричен погон е производ на канадската компанија Harbour Air во соработка со компанијата magniX. Тој авион вчера влезе во историјата како првиот електричен комерцијален авион кој го остварил првиот успешен лет. Авионот леташе од Ванкувер со шест патници на триминутен краток лет.

Harbour Air има седиште во Векнувер, а себесе се рекламира како најголемата компанија за производство на хидроавиони во Северна Америка. magniX е производител на електрични погонски системи со седиште во Сиетл. Двете компании заедно го тестираа патничкиот авион на реката Фрејзер во близина на Ричмонд.

- Advertisement -

Со жолтиот авион кој има 750 коњски сили управувал извршниот директор и основач на Harbour Air, Грег Мекдугал. Канада има исклучителна улога во историјата на авионите, а денес можеме да бидеме горди на пресвртницата на која посведочивме и која претставува почеток на нова ера во авионската индустрија, изјави Мекдугал.

Пробниот лет е првиот чекор кон добивање сертификат за електричниот авион за комерцијална употреба, но и прв чекор кон изградба на првата комерцијална флота од електрични авиони во светот. Од Harbor Air се надеваат дека ќе можат целата флота да ја оформат до 2022 година, под услов да ја гарантираат безбедноста на авионите и да се добијат сите регулаторни одобренија.

- Advertisement -

Моментално авионската индустрија е одговорна за 2% од глобалната емисија на CO2 и е еден од најбрзорастечките загадувачи. Дури и еден краток лет од Лондон до Единбург и назад придонесува со поголема емисија на CO2 откoлку просечната годишна емисија на стаклeнички гасови на еден жител на Уганда или на Сомалија. На пример, при летот од Лондон до Рим се испуштаат 234 кг CO2 по патник, што е повеќе од годишниот просек на жителите од 17 земји во светот.

World's First Al Electric Comercial Aircraft

Today was an amazing day with Harbour Air Seaplanes See the highlights of this historic flight!

Posted by MagniX on Вторник, 10 декември 2019
Сподели!
- Advertisement -