Роверот Perseverance фотографираше седиментни карпи на Марс

- Advertisement -

Не толку одамна луѓето немале претстава како изгледа површината на Марс, но сега благодарение на инструментите кои ги има роверот Perseverance на НАСА имаме фотографии од површината на Црвената планета.

Планетарниот геолог Пол Бирн, професор на Државниот универзитет на Северна Каролина, забележа посебно спектакуларни фотографии од целата галерија која ја направи роверот Perseverance.

- Advertisement -

Perseverance е робот кој лута по Марс откако слета на планетата во февруари годинава. Неговата главна задача е потрага по знаци на живот, а тој процес го врши со помош на душчалка која ги дупчи карпите и собира примероци. НАСА се надева дека во текот на наредните мисии тие примероци ќе бидат транспортирани на Земјата.

Роверот, исто така, собира многу дигитални податоци кои ги испраќа на научниците на нашата планета, а тие се прават со повеќе инструменти како спектрометар, радат кој продира низ карпестата површина на планетата, временска станица и камерата Mastcam-Z. Станува збор за две камери поставени една до друга, а квалитетот е сличен на дигиталните камери достапни во продажба.

- Advertisement -

Perseverance на Црвената планета помина над 500 марсовски денови истражувајќи го кратерот Језеро. Научниците сметаат дека таа рамнина некогаш била делта на река со слатка вода.

„Пред повеќе од 3,5 милијарди години речните канали креирале езеро. Научниците гледаат докази дека водата носела минерали од околината во кратерот. Можно емикроби некогаш да живееле во регионот, а ако тоа е вистина, доказите може да се најдат во коритото на езерото или во седиментите на брегот“ велат од НАСА.

- Advertisement -

Спектакуларните фотографии кои ги сподели Бирн прикажуваат слоеви на седиментни карпи видливи од локацијата на која се наоѓа Perseverance во кратерот Језеро. Дотографиите не се само одушевувачки со оглед на пејзажот на Марс, туку содржат и вредни информации за геолозите, кои можат да извлечат изненадувачки конкретни заклучоци со мерење на длабочината на слоевите на фотографиите и со анализирање на изгледот на самите карпи.

(Klix.ba)

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -