Почнува вакцинацијата против КОВИД-19 во ЕУ

- Advertisement -

12,5 милиони дози од вакцината на Pfizer/BioNTech ќе пристигнат во земјите на ЕУ пред крајот на годинава како дел од нарачката на 300 милиони дози која ја направи Европската комисија. Вакцинацијата почна вчера не само во економските сили Франција и Германија, туку и во Луксембург Белгија, Шпанија, Австрија и Бугарија. Во Република Ирска вакцинацијата ќе почне во среда.

Во Италија, првата европска земја која беше погодена од пандемијата и каде што имаше најмногу смртни случаи од КОВИД-19, една медицинска сестра во
Рим ќе биде првата која ќе ја прими вакцината. Таа работи во болницата Спаланцани, каде што брачен пар од Вухан биле првите заразени во јануари.

- Advertisement -

Тешко е да се организира целосно синхронизирано вакцинирање на континентот затоа што вакцините нема да стигнат во Холандија до8 јануари, а ИТ системот за планирање и регистрирање на вакцинацијата нема да биде подготвен навреме за новата година. Во Швајцарија, пак, кампањата за имунизација нема да почне до 4 јануари.

Некои држави почнаа со вакцинација порано. Унгарија, на пример, почна со вакцинација вчера, откако во Будимпешта пристигнаа 4.875 дози. Во источногерманската држава Саксонија-Анхалт 101-годишна жена во старечки дом беше првата која ја прими вакцината. Во остатокот од Германија, каде што од корона вирусот умреа 29.000 луѓе. стартот на програмата ќе биде постепен. Се очекува Германија за почеток да добие 400.000 дози, а уште 11 или 13 милиони дози ќе пристигнат до март.

- Advertisement -

Дали земјите на ЕУ ќе ги исполнат таргетите за имунизација до идното лето ќе зависи од вакцината на AstraZeneca. Англо-шведската фармацевтска компанија продаде 400 милиони дози на Европската комисија уште во август годинава и имаше одлични резултати на клиничките тестирања, но тие вакцини уште не се достапни поради сомневања во кредибилноста на резултатите од тестирањата.

(The Guardian)

Сподели!
- Advertisement -