Кина сака да го изгради најголемиот воден канал во светот

- Advertisement -

Во рамките на проектот South-to-North Water Diversion Project, Кина почна со работа на канал долг 1.400 км, кој ќе биде најголем во светот. Забавувањето на економската активност поради пандемијата на корона вирусот ја натера кинеската влада да почне да троши пари на скапи проекти кои ќе го стимулираат растт на економијата.

Проектот South-to-North Water Diversion Project не е нов, туку се планирал веќе пет децении. Источниот и јужниот дел на Кина имаат вишок водени ресурси, додека северниот и западниот дел имаат недостиг на вода.Идејата на водениот канал е да се донесе водата до сувите предели. Со проектот веќе се пренасочени 54 милиојарди кубни метри вода од реката Јанг-це до северна Кина од 2014 година досега.

- Advertisement -

Во новата фаза од проектот Кина сака да земе вода од браната Три грла на реката Хан, која е притока на Јанг-це. Водата од браната ќе биде испратена до резервоарот Данџиангку преку тунелот Јинџиангбухан, кој ќе биде голем отворен канал.

Во споредба со каналот Паијане во финска, кој е долг 120 км, тунелот Јинџиангбухан ќе биде долг над 1.400 км, а некои делови од тунелот ќе се наоѓаат на 1 км под земја. Се очекува изградбата на каналот да чини околу 9 милијарди долари и да се изгради отприлика за десетина години.Кога ќе биде готов, водата од браната Три грла ќе ја однесе дури до Пекинг.

- Advertisement -

Освен што ќе ја заживее економијата, се очекува со овој проект 570.000 квадратни километри неупотребливо земјиште да се претворат во плодна почва на која ќе се одлгедуваат пченица, ориз, пченка, грашак и други слични култури.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -