Руската компанија Gasprom го намали протокот на природен гас кој тече низ гасоводот Северен тек 1 од Русија во Европа на само 20% од вкупниот капацитет. За најновото намалување на испораката на гас Русија ги обвини техничките проблеми, но Германија на тоа гледа како на политички потег со кој се подигнува неизвесноста и се подигаат цените додека трае војната во Украина.
Gasprom го најави намалувањето денес, наведувајчи ги поправките како причина, што ги поттикна стравовите дека Русија би можела во иднина целосно да го исклучи гасот за да изврши притисок врз Европа, која се обидува да складира гас за претстојната зима.
Податоците на веб-страницата на Северен тек и шефот на регулаторот на германската мрежа, Клаус Милер, го потврдија тоа намалување.
„Гасот сега е дел од руската надворешна политика и веројатно руска воена стратегија“ изјави Милер.
Владите на државите-членки на ЕУ се сложија да ја намалат употребата на природен гас за да се заштита од понатамошно кратење во снабдувањето од Русија. Нацрт-законот има за цел намалување на побарувачката на гас за 15% од август до март низ чекори кои не се задолжителни за државите.
(Beta)
(фото: Wikimedia)