Земјата ротира побрзо – беше забележан најкраткиот ден досега

- Advertisement -

На 29 јуни беше забележано нешто несекојдневно кај ротирањето на Земјата. Тоа имаше незначително влијание врз нашите животи, па затоа не сме го ни забележале.

На тој ден, според TimeAndDate.com, нашата планета, како што велат научниците, поставила нов рекорд за најбрзо комплетирана ротација. Со други зборови, додека сите сме мислеле дека тој ден сме имале точно 24 часа, всушност сме имале 1,59 милисекунди помалку.

- Advertisement -

До пред неколку години се веруваше дека ротацијата на Земјата забавува. Со цел да се надомести забавеното ротирање International Earth Rotation and Reference Systems Service (IERS) дури почна одвреме-навреме да додава секунди. Тоа може повторно да се случи во иднина затоа што ротацијата на Земјата зависи од Месечината.

Сепак, неодамна атомските часовници открија дека ротацијата на Земјата доста се забрзува и дека можно е да почнува фаза на 50 години пократки денови.

- Advertisement -

Научниците забележаа дека во 2020 година имало 28 најкратки денови од 1860 година досега. Накраткиот ден во 2021 година беше подолг отколку најкраткиот во 2020 година. Но, на 29 јуни годинава Земјата ја направи својата најбрза ротација досега.

Што значи забрзаната ротација на нашата планета и зошто се случува тоа? Според некои теории, тоа е резултат на помалата тежина на половите поради топењето на мразот, други сметаат дека течното јадро на Земјата се движи повремено. Трета причина може да се сеизмички активности.

- Advertisement -

Без разлика дали тие теории се вистинити или не, остануваат ефектите кои ги има забрзаната ротација. Тоа ротирање има последици затоа што атоимските часовници, кои се користат во GPS сателитите, не ја пресметуваат променетата ротација на Земјата.

Тоа значи дека ако Земјата се врти побрзо, доаѓа порано на почетната позиција. Половина милисекунда е еднаква на 26 см кај екваторот. Накратко кажано, GPS сателитите, кои веќе мора да се коригираат поради ефектите на теоријата за релативност на Ајнштајн, ќе станат бескорисни.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -