Овој уред ќе ги замени телефоните, компјутерите и телевизијата

- Advertisement -

Големите компании од Силиконската Долина постојано ја бараат наредната голема иновација по телефонот и таблетот, некој уред или услуга кој ќе привлече големо внимание кај корисниците. Едно време се чинеше дека тоа ќе биде паметниот часовник, но нема некоја навалица ниту нетрпеливо очекување на новите модели. Во последно време тренд се паметните звучници поради гласовните асистенти и цената која постојано паѓа, но во иднина не чека уште еден тренд кој би можел да донесе револуција во потрошувачката електроника затоа што ќе замени повеќе уреди без кои денес не можеме да го замислиме животот.

Тоа се паметните очила. На овој вид гаџети моментално работат многу технолошки компании и еден од најинтересните е уредот на Magic Leap, кој генерира дигитални предмети и ги прикажува како навистина да се наоѓаат во реалниот свет. Извршниот директор на компанијата, Рони Абовиц, е толку убеден дека неговиот производ ќе биде вистински успех што неодамна изјави дека нивните очила ќе можат да ги заменат телефоните, компјутерите и телевизијата.

- Advertisement -

Тој смета дека кога сите информации кои денес ги гледаме на разни уреди ќе може да се прикажуваат на паметни очила, повеќе нема да ни бидат потребни сите други уреди. Иако ваквите очила сега можеби звучат прилично нереално, кога се појавија нереални изгледаа и социјалните мрежи, паметните телефони итн.

Слично како Абовиц размислуваат и други компании. За проширената и виртуелната реалност се повеќе зборуваат и во Facebook и во Apple, а минатата година кружеа гласини дека Тим Кук и екипата подготвуваат паметни очила. Intel претстави прототип на сопствени паметни очила, додека неделава и од Samsung пријавија патент за паметни очила.

- Advertisement -

Од Magic Leap веќе го направија првиот чекор кон иднината во која нивните очила ќе ги заменат екраните – потпишаа партнерство со НБА лигата, па така нивнтие очила и посебна НБА апликација на љубителите на најдобрата кошаркарска лига на светот на луѓето ќе им овозможат револуционерен начин на следење на спортот. Во очилата на корисниците ќе им се прикажува виртуелен екран во кој додека го гледаат натпреварот ќе можат да следат информации за натпреварот, статистики, снимки од најатрактивните потези итн.

Сподели!
- Advertisement -