Исплови првиот брод со украинско жито од Одеса

- Advertisement -

Првиот брод кој превезува украинско жито вчера исплови од пристаништето во Одеса во склад со договорот за кој се оелкува дека ќе ги пушти на странските пазари големите залихи на жито во Украина и ќе ја ублажи глобалната криза.

Товарниот брод Razoni под знамето на Сиера Леоне тргна од Одеса за Либан, соопшти турското Министерство за одбрана. Во соопштението на ОН се наведува дека Razoni носи над 26.000 тони пченка.

- Advertisement -

Податоците од системот за автоматска идентификација на Razoni, безбедносниот трагач за бродови на море, покажуваат дека бродот полека излегува од /одеса. Се оечкува дека бродот денес ќе стигне во Истанбул, каде што ќе биде прегледан пред да му биде дозволено да продолжи понатаму.

Пченката која ја превезува ќе отпатува за Либан, малата блискоисточна држава зафатена од една од најголемите светски финансиски кризи во последните над 150 години, велат од Светска банка.

- Advertisement -

(Beta)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -