Нaродна банка: Само половина од младите од 13 до 15 години знаат делумно да располагаат со пари!

- Advertisement -

Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на Народната банка спроведена во 2021 година и првата половина од 2022 година. Според наодите, Народната банка продолжува со своите едукативни активности, а воедно создава и нови алатки во форма на предавања, презентации и едукативни материјали.

На прашањето „дали сметате дека имате доволно знаење да управувате со расположливите парични средства?“, во 2021 година 41% одговориле дека имаат делумно знаење, додека 56% рекле дека имаат знаење. Во 2022 година, 55% од испитаниците сметале дека располагаат со делумно знаење за управувањето со парите, додека 43% сметале дека располагаат со знаење. Овие резултати, според НБ, укажуваат дека има широк простор за унапредување на финансиската едукација кај оваа возраст.

- Advertisement -

Од аспект на тоа од каде се информираат за функциите и управувањето со парите, и во 2021, и во 2022 година испитаниците го посочиле семејството како главен извор со 37%, односно 41% од сите анкетирани. Понатаму со речиси иста застапеност се училиштето, интернетот и медиумите.

Според анкетата, учениците се најзапознаени со услугите на банкарскиот систем, и тоа 42%, односно 33% во 2021 и 2022 година, соодветно. Овие резултати соодветствуваат со структурата на финансискиот систем во државата. Сепак, тоа укажува дека има потреба од едуцирање и за останатите сегменти од финансискиот систем.

- Advertisement -

На прашањето каква едукација претпочитаат учениците, најголемиот дел од нив, или 35%, односно 29% во 2021 и 2022 година, соодветно, одговориле дека претпочитаат класична настава. Втори на листата посакувани едукативни методи се видеоматеријалите, па едукативните текстови на интернет и печатените брошури, наведуваат од НБ.

Фото – My happy nest

Сподели!
- Advertisement -