Познато е дека консумирањето премногу сол го зголемува крвниот притисок, што може да доведе до кардиоваскуларни заболувања. Нова студија сега дава нов осврт на здравата исхрана со помалку сол.
Авторите на студијата, во која била вклучена возрасна популација во Кина, проценуваат дека намалување на дневниот внес на сол за само 1 грам било доволно за да се спречат 9 милиони случаи на мозочен и срцев удар отсега до 2030 година. Четири милиони од нив веројатно би биле фатални, па неверојатно е како една толку едноставна мерка може да спаси многу животи.
Во Кина просечниот дневен внес на сол изнесува 11 грама, што е далеку над петте грама што ги препорачува Светската здравствена организација. Научниците ги собрале најновите статистики за гоелемината на популацијата, консумацијата на сол, крвниот притисок и стапката на заболувања.
Претходните проценки на внесот на сол врз здравјето во Кина користеле застарени или на друг начин неточни извори на податоци и не го земале предвид долготрајниот ефект од консумирањето повеќе сол во текот на неколку години, велат научниците во новата студија, која е објавена во списанието BMJ Nutrition, Prevention & Health.
Во студијата се анализираат уште две сценарија освен намалувањето на внесот на сол за 1 грам – намалување на внесот за 3,2 грама до 2025 година и намалување на препорачаните 5 грама до 2030 година. Ако се исполнат тие цели, може да се спречат двојно повеќе смртни случаи поврзани со кардиоваскуларни заболувања.
Неѓутоа, научниците нагласуваат дека намалувањето мора да биде доследно во текот на неколку години. Образовните програми кои се изведуваат во кинеските училишта сугерираат дека за најголем дел од населението не би било проблем да се достигне зададената цел од внес на 1 грам помалку сол дневно.
Иако авторите на студијата ги анализирале само ефектите од намалениот внес на сол врз кардиваскуларните заболувања, сугерираат дека намалената консумација на сол за 1 грам дневно ќе има и други бенефити по здравјето. Прголемиот внес на сол се поврзѕва и со некои видови на рак и со разни проблеми со бубрезите, на пример.
Кинеската влада ја стартуваше кампањата „Здрава Кина 2030“ за да ги поттикне луѓето да ја намалат дневната консумација на сол на само 5 грама. Тоа нема да биде елсно со оглед на популацијата од 1,4 милијарди луѓе, но бројките кои ги дала студијата се уверливи.
(Science Alert)
(фото: Pixnio)