Boston Dynamics почна да го продава кучето-робот Spot

- Advertisement -

Компанијата Boston Dynamics денес официјално почна со продажба на својот флексибилен и сестран робот-куче Spot по цена од 74.500 долари. Заинтересираните купувачи на роботот-куче може да го нарачаат преку официјалната онлајн продавница на Boston Dynamics, а покрај роботот добиваат и две батерии, полнач, таблет контролор, куќиштето на роботот и куќиште за полнење.

Почетокот на продажбата на Spot е голем пресврт за компанијата основана во 1992 година со оглед на тоа дека заинтересираните компании и поединци сега по прв пат можат да купат некој робот произведен од Boston Dynamics.

- Advertisement -

Spot засега е достапен само за купување во САД, но компанијата се надева дека годинава продажбата ќе се прошири и на меѓународниот пазар. „Планираме да произведеме околу 1.000 роботи Spot идната година, но производството може да се зголеми во зависност од продажбата. Истражуваме и можности за продажба во странство“, изјави портпаролот на Boston Dynamics.

Компанијата првично планираше да го доврши производството на 1.000 роботи Spot до крајот на 2020 година, но пандемијата на корона вирусот ги поремети плановите.

- Advertisement -

Роботот-куче Spot може да се пофали со навистина флексибилни движења. Досега имавме прилика да го видиме како дига предмети, како се качува по скали, отвора врата, се бори со човек, прави салто, танцува, им помага на медицински лица итн. Boston Dynamics го дизајнираше роботот за да може да оди таму каде што други роботи не можат. Благодарение на додатоците, Spot може да се конфигурира според потребите на купувачите.

(Klix.ba, Venture Beat)

- Advertisement -

(фото: Boston Dynamics)

Сподели!
- Advertisement -