Развиена супербрза метода за полнење батерии на автомобили за 10 минути

- Advertisement -

И покрај се поголемата популарност на електричните возила, многу потрошувачи се уште не се одлучуваат да се префрлат од класичните на новата генерација возила. Една од причините е тоа што е потребно многу повеќе време за напојување на класичните возила со фосилни горива.

Забрзувањето на процесот на полнење на електричните возила може да ги оштети батериите и да се скрати животниот век, но научниците сега велат дека осмислиле супербрза метода за полнење прилагодена на различни видови батерии за електрични возила во 10 минути или помалку, без да се нанесе трајна штета на самата батерија.

- Advertisement -

Научниците своите реузлтати ќе ги претстават на есенскиот состанок на Американскот хемиско друштво (ACS), кој се одржува виртуелно и физички од 21 до 25 август. На тој настан ќе има речиси 11.000 презентации за широк распон на научни.

Брзото полнење е клуч за зголемување на довербата на потрошувачите и севкупното прифаќање на електричните возила. Тоа би овозможило полнењето на возилата да биде многу слично на точење на безнинска пумпа, вели д-р Ерик Дуфек, кој го претставува трудот на овој состанок.

- Advertisement -

Таквиот напредок може да им помогнат на САД да ја постигнат целта на претседателот на Бајден, според која до 2030 година половина од сите продадени треба да бидат електрични или хибридни.

Дуфек и неговиот тим во Националната лабораторија Ајдахо известија за користењето на техниката за машинско учење која вклучува податоци за полнење за создавање единствен протокол на полнење.

- Advertisement -

Преминувањето од речиси празна батерија на 90% полна за само 10 минути е подалеку од сегашните методи полнење, кое во најдобар случај може да доведе до полна батерија за отприлика половина час. Додека многу научници бараат методи за постигнување на ваквиот вид на брзо полнење, Дуфек вели дека една предност на нивниот модел на машинско учење е тоа што ги поврзува протоколите со физиката на она што се случува во батеријата.

Американските научници планираат да го користат својот модел за развој на уште подобри методи и помош во дизајнирањето на нови литиум-јонски батерии кои се оптимизираат за брзо полнење. Дуфек вели дека крајната цел е електричните возила да можат да им кажат на станиците за полнење како брзо и сигурно да ги напојуваат своите батерии.

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -