Минијатурен ласер за барање вода на Месечината

- Advertisement -

Инженерот д-р Берхан Булча направи минијатурен ласер чија намена е барање вода на Месечината, а се базира на т.н. Годардова технологија, која користи ефект наречен квантно тунелирање за генерирање терахерцен ласер со голема моќност.

Лоцирањето вода и други ресурси е приоритет на НАСА и е од клучна важност за истражување на земјиниот природен сателит и другите објекти во Сончевиот систем. Претходните експерименти заклучија, а потоа и потврдија постоење на мали количини вода на Месечината. Меѓутоа, најголем дел од таа технологија не прави разлика меѓу вода, слободни јони и хидроксил затоа што користениот широкопојасен детектор не може да разликува различни материи.

- Advertisement -

За разлика од нив, инструментот наречен хетеродински спектрометар може да зумира одредени фреквенции за поточно да се идентификуваат и да се лоцираат изворите на вода на Месечината. Ќе му треба стабилен терахерцен ласер со голема моќност, чиј прототип е направен во соработка со Longwave Photonics преку програмата за истражување на иновации во мали компании на НАСА – SBIR.

„Овој ласер ни носи нови можности за проучување на тој фреквенциски спектар.. Другите мисии пронајдоа хидратација на Месечината, но тоа може да укажува на присуство на хидроксил или вода. Ако тоа е вода, од каде дошла? Дали тоа било преку автономно формирање на Месечината или дошло подоцна поради удар од комета? Колку вода има:? Мора да одговориме на овие прашања затоа што водата е клучна за преживување, а може да се користи и за производство на гориво“ вели Булча.

- Advertisement -

Користејќи иновативна технологија, д-р Булча и неговиот тим интегрирале ласер на брановод со тенка оптичка антена за да го сбијат снопот. Интегрираниот ласер и единиците на брановодот ја намалуваат дисипацијата за 50%, а целиот ласер е помал од монета.

Булча се надева дека ќе развие ласер кој ќе биде спремен за лансирање во програмата Artemis на НАСА.

- Advertisement -

(NASA)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -