Отсега фотоволтаици ќе се поставуваат без решение од општината

- Advertisement -

Граѓаните и фирмите коишто ќе сакаат да постават фотонапонска ценрала на покрив на куќа, погон или зграда, повеќе нема да бараат дозволи од општината. 

Се забрзува и олеснува процедурата за поставување на фотоволтаици за домаќинствата и компаниите. Владата ги усвоила измените на законот за градба со кои се укинуваат барањата до општината за да поставите фотоволтаик и сами да си произведувате струја и наместо барање сега е доволно само да ја известите општината дека се поставува фотоволтаик со копија од лична карта, имотен лист за објектот или договор за закуп, основен проект и документите од лиценцираната компанија која ќе го поставува.. Според новите правила домаќинствата веќе ќе може да инсталираат фотоволтаици со моќност до 6 киловати а фирмите или правните лица ќе може да го претворат сонцето во елетрична енергија со максимална моќност од 40 киловати.

- Advertisement -

За оние кои веќе поставиле и чекаат на приклучок како и за сите кои ќе поставуваат министерот Бочварски бил информиран од Евн дека и таму се забрзани процедурите за да не се чека за приклучокот на електричната мрежа.

Законските измени се пуштаат во собраниска процедура и министерот Бочварски со апел до пратениците за проактивни учество и брзо изгласување на измените за да може што поскоро да почнат да се применуваат олеснетите процедури за поставување на фотоволтаици.

- Advertisement -

Според моменталните цени на електричната енергија која на слободниот пазар достигна 808 евра за мегават час ќе значи дека инвестицијата наместо за 4 до 5 години по овие цени би се вратиле за една година.

Сподели!
- Advertisement -