Научници успеаја безжично да наполнат уред на растојание од 30 метри

- Advertisement -

Јужнокорејски научници користеле инфрацрвено ласерско светло за пренос на 400mW светлина на оддалеченост до 30 метри. Тоа е доволно за полнење на мали сензори, иако таа технологија со тек на време може да се развие и за полнење на големи уреди, како што се паметните телефони. Нивното истражување е објавено во научното списание Optics Express.

Сето тоа се прави на начин кој е совршено безбеден, односно ласерот се враќа во начин на работа со мала моќност кога не се користи. Техничкиот израз за тоа е дистрибуирано ласерско полнење, а видот кој е развиен овде може да биде побезбеден и може да оди подалеку од претходните експерименти со сличен вид на технологија за безжичен пренос на енергија.

- Advertisement -

Додека најголем дел од другите пристапи бараат приемниот уред да биде во посебно постолје или да биде неподвижен, дистрибуираното ласерско полнење овозможува самоусогласување без следење на процесот се додека испраќачот и примачот се во линија на видливост еден од друг, вели инженерот по електротехника Јинјонг Ха од Универзитетот Сежонг во Јужна Кореја.

Вообичаено компонентите кои го одбиваат светлото кое го прави ласерска шуплина се заедно во ист уред. Овде се одвоени на приемникот и испраќачот, што значи дека ласерската шуплина се формира во просторот помеѓу, се додека испраачот и приемникот се во видното поле еден на друг.

- Advertisement -

Иако уште е рано за таа технологија, безжичниот пренос на енергија може да се покаже не само корисен кај персоналната електроника, туку може да направи голема разлика и во индустриските средини, каде што тешко се составуваат и се одржуваат каблите.

Користењето ласерски систем за замена на струјните кабли во фабриките може да заштеди пари за одржување и замена. Ова би можело да биде особено корисно за тешки средини каде што електричните приклучоци може да предизвикаат пречки или да претставуваат опасност од пожар, вели Ха.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -