Научници создадоа нанодијаманти од пластични шишиња

- Advertisement -

Истражувачи открија дека дождот од дијаманти, за кој долго време се шпекулира дека се случува на замрзнатите џиновски планети, може е почеста појава отколку што се мислеше претходно.

За да дознаат повеќе за условите на ледените џинови како Нептун или Уран, група истражувачи од Германија и Франција направија интригантен експеримент, кој бил објавен во Physic.org.

- Advertisement -

Во претходен експеримент научници разгледувале пластика создадена од водород и и карбон, двата елементи кои се битни за да се разбере целиот хемиски процес на Нептун и Уран.

Во новиот експеримент истражувачите користеле PET пластика, која најчесто се користи за амбалажи за храна, пластични шишиња и контејнери, за попрецизно да се репродуцира композицијата на тие планети.

- Advertisement -

Ефектот на кислородот е да се забрза делењето на карбонот и водородот и со тоа да се поттикне формирањето на нанодијаманти. Тоа значи дека атомите на карбонот можат полесно да се комбинираат и да формираат дијаманти, велат научниците.

Новото истражување дава комплетна слика на тоа како се формира дожд од дијаманти на други планети и лесно може да резултира со нов метод за производство на нанодијаманти, кои имаат разновидна примена – од медицински сензори до квантна електроника.

- Advertisement -

Како што велат научниците, во планетите тој процес е посложен и учестуваат многу повеќе хемикалии. Тие сакале да истражат каков ефект имаат тие дополнителни хемикалии.

За да генерираат шок бранови во PET пластиката истражувачите користеле моќен оптички ласер. Тие гледале како атомите на материјалот се преорганизираат во помали дијамантски региони со помош на техниката позната како дифракција со Х зраци. А потоа мереле колку брзо растат и колку големи може да пораснат тие региони.

Тие утврдиле дека регионите пораснале до неколку нанометри ширина и дека присуството на кислород во материјалот им овозможило на нанодијамантите да растат побрзо.

Истражувачите предвидуваат дека дијамантите од Нептун и Уран ќе растат многу повеќе од нанодијамантите произведени во експериментите и возможно е да достигнат милони карати тежина. Тие би можеле полека да поминат низ заледените слоеви и да формираат еден слој од дијаманти околу јадрото на планетите во период од илјадници години, додаваат истражувачите.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -