Чикаго наскоро ќе користи само обновлива енергија

- Advertisement -

Американскиот град Чикаго планира во сите свои згради и за сите свои работни процеси да користи 100% обновлива енергија до 2026 година. Со таа мерка се опфатени двата аеродроми во градот, централната градска библиотека и главната прочистителна станица за вода.

Градот Чикаго има повеќе од 400 јавни згради, меѓу кои се и Градското собрание и двата меѓународни аеродроми. Сега тие згради и другите градски активности ќе користат 100% обновлива енергија.

- Advertisement -

Откако потпиша нов петгодишен договор за чиста енергија со компанијата Constellation, и американскиот град Илиноис најави дека сите нивни градски установи и сите градски активности од 2025 година натаму ќе користат само обновлива енергија.

Чикаго е еден од најголемите градови во САД кои се обврзале на таква мерка, која се очекува да резултира со намалување на емисијата на СО2 на градот за 290.000 метрички тони секоја година. Тоа е еднакво на емисијата на 62.000 патнички возила.

- Advertisement -

Двата аеродроми, централната библиотека и прочистителната станица ќе користат делумно соларна енергија. Соларната енергија ќе се добива со проектот на Swift Current Energy, кој ќе биде еден од најголемите во Илиноис до денес. За уличните светилки и помалите згради ќе се купуваат кредити за обновлива енергија. Тоа се сертификати кои се доказ дека енергијата купена од електричната мрежа е добиена од обновливи извори.

Градот се обврза и да ја намали емисијата на стакленички гасови за 62% до 2040 година. Таа и уште неколку цели се дел од Климатскиот акционен план на Чикаго за 202 година.

- Advertisement -

Повеќе од 100 градови во светот сега 70% од своите потреби за енергија ги задоволуваат од обновливи извори.

(World Economic Forum)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -