Корејски научници успеаја да одржат нуклеарна фузија дури 30 секунди

- Advertisement -

Научниците од година во година постигнуваат се поголеми успес на полето на нуклеарната фузија. Последниот таков успех е на научници од Јужна Кореја, кои по прв пат успеаја да одржат реакција на нуклеарна фузија речиси 30 секунди.

Студијата е објавена во списанието Nature, а нивниот успех означи многу голем и многу битен напредок во постигнувањето одржлива фузиска реакција. Имено, нуклеарната фузија е извор на речиси неограничена чиста енергија. Проблемот со фузијата е тоа што досега не е откриен начин за безбедно, стабилно и долготрајно да се одржува природните реакции кои се одвиваат во Сонцето на температура од 100 милиони степени Целзиусови.

- Advertisement -

Како што велат во својот труд членовите на тимот од Националниот универзитет во Сеул и Корејскиот институт за фузиска енергија, направиле повеќе експерименти со реактор од Корејскиот напреден истражувачки центар и успеале да ја подобрат техниката за задржување на плазмата во јадрото на реакторот.

Станува збор за реактор кој уште се нарекува вештачко Сонце, а е еден од неколку ширум светот и претставува кулминат на децении истражувања на фузиската технологија. Фузиската енергија се смета за врв на чистата енергија затоа што не вклучува користење а фосилни горива и за разлика од моменталните нуклеарни електрани, не произведува никаков опасен отпад. Но, постигнувањето стабилна фузиска реакција е предизвик на кој научниците работат со децении.

- Advertisement -

Плазмата со ниска густина во комбинација со насочена влезна енергија за работа се клучни за воспоставување на овој режим затоа што чува висок удел на брзи јони. Овој режим на работа ретко се соочува со прекини и може да се одржува без софистицирани начини на контрола и затоа дава надеж дека сме на вистинскиот пат кон создавање комерцијални фузиски реактори, велат во својот труд корејските научници.

Инаку, на почетокот на оваа година Корејскиот институт за фузиска енергија си задал цел да оствари температура на плазма поголема од 100 милиони степени Целзиусови за време од 50 секунди до крајот на годинава, а сакаат тој период да го продолжат на 300 секунди до 2026 година.

- Advertisement -

„Она не е крај на приказната. Мора да преминеме на 300 секунди. “00 секунди е минималната временска рамка за демонстрација на работа во стабилна состојба. Тогаш оиваа плазма може да работи вечно“ велат научниците.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -