AllWeb Х нуди нов формат и квалитетни говорници за крај на септември

- Advertisement -

ЛУЃЕТО МОРА ДА СЕ ВО ФОКУСОТ НА СВЕТОТ БАЗИРАН НА ИСКУСТВО

За сите кои веруваат, кои се подготвени да отидат чекор напред и оние кои се подготвени да учат, да инспирираат и да бидат инспирирани, крајот на септември ќе донесе многу среќа и задоволство. Десет години после отворање на вратите за сите вљубеници, критичари, корисници, зависници од дигитал, AllWeb се враќа за да донесе ново дводневно искуство во кое ќе бидат спакувани четири различни сегменти на програмата.

- Advertisement -

„Овогодинешната конференција има изменет формат – ќе се случува два дена, на 29 и 30 септември, во преубавото Маврово. Содржински ќе покрива теми како дигитален маркетинг, бизнис стратегија, креативност, web3, метаверзум, корисничко искуство и др.“- вели Дарко Булдиоски, директор на програмата на AllWeb. „Остануваме доследни на квалитетот на говорници кој ќе го понудиме, па така публиката ќе може да слушне примери и искуства за како диретно да пристапи до купувачите, која е магичната формула на TikTok, како легално да е ползува Google Analytics 4, но и да прошета низ низ седумте света на т.н. experience design model“- додава тој.

За да одговори на истенчениот вкус на својата верна публика, AllWeb X на сцена ќе донесе нови, но и познати говорици. Така на патување низ седумте света на т.н. experience design model, апликативно на секоја индустрија, посетителите ќе ги поведе Викторија Тајлор. Таа верува дека  бизнисите не можат да постојат без луѓе и во свет кој е исклучително базиран на искуство, луѓето мора да бидат во фокусот.

- Advertisement -

Кирстен Јасис, експерт за Instagram и TikTok ќе ги сподели малите тајни на големите мајстори на вирални објави. На барање на публиката, а заради важноста на моментот во кој се наоѓаме, по трет пат на сцената ќе се врати и Роберт Петковиќ. Петко ќе зборува за тоа како легално да употребувате веб аналитика со посебен фокус на Google Analytics 4.

Останатите говорници и повеќе информации за коференцијата, содржината и форматот, може да се најдат на allweb.mk, каде што се достапни и влезниците за настанот.

Сподели!
- Advertisement -