Жена со хиперсензитивен осет за мирис им помогнала на научници од Универзитетот Манчестер да развијат тест за детекција на Паркинсонова болест. Новото истражување покажало дека луѓето со Паркинсонова болест имаат липиди со висока молекуларна тежина, кои се значително покактивни.
Истражувањето вклучило група од 79 луѓе со Паркинсонова болест, кои биле споредувани со контролна група од 71 здрави луѓе. Истражувачите земале примероци од учесниците од задниот дел на вратот и ги идентификувале соединенијата присутни таму со помош на масовен спектрометар. Резултатите биле добивани за околу 3 минути.
„Многу сме возбудени поради резултатите, кои не носат поблиску до создавање еден дијагностички тест за Паркинсонова болест кој ќе може да се користи во клиниките“ велат научниците.
Инспирација за студијата била 72-годишната жена Џој Милне од Перт, Шкотска, која има хиперосмија, односно наследна сосотојба каде што е зголемена осетливоста на мириси. Нејзината ретка состојба и помогнала да забележи кога кај нејзиниот сопруг, со кого била во брак 33 години, се појавиле знаци на Паркинсонова болест, и тоа 12 години пред да му биде дијагностицирана болеста.
Сега неа ја викаат „жената која може да ја намириса Паркинсоновата болест“. Поради неа била создадена процедура која довела до развој на тестот од истражувачите до Универзитетот Манчестер. Заинтригирани од нејзината способност, научниците одлучиле да проверат точно што може да намириса таа и како тоа може да се искористи за да им се помогне на луѓето да го откријат невролошкиот проблем што го имаат.
Иако истражувањето уште е на почеток, научниците се ентузијасти дека ќе резултира со создавање тест за лесно дијагностицирање на болеста. Студијата е објавена во весникот Journal of the American Chemical Society.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)