Откако го достигна историски најнискиот рекорд на емисии на стакленички гасови во 2016 година, Македонија повторно го зголеми испуштањето на штетните супстанци во атмосферата кои придонесуваат за негативното влијание на климатските промени. Секторот Енергетика во ваквиот негативен раст предничи.
Според последните податоци за 2019 година објавени во Извештајот за националниот инвентар на стакленички гасови на РСМ, сите сектори на земјава без Шумарството заедно произвеле 11.267,6 гигаграми на јаглерод диоксид еквиваленти, при што речиси две третини од ваквите емисии доаѓаат од секторот Енергетика или 8.501,1 Gg. CO2-eq. Наспроти ова, во 2016 година вкупните емисии на стакленички гасови без секторот Шумарство изнесувале 10.024,1 гигаграми на јаглерод диоксид еквиваленти, односно за три години има зголемување на испуштањето на штетните гасови во атмосферата од околу 10%.
Негативните тенденции на национално ниво на земјава може да се увидат и во другите сектори. Кај секторот Земјоделство има пораст на емисиите на стакленички гасови, од 1.202,6 во 2016 година на 1.368,3 Gg. CO2-eq три години подоцна. Кај секторот отпад имаме раст од 606,7 во 2016 година на 635,2 гигаграми на јаглерод диоксид еквиваленти во 2019 година. Само кај секторот Индустриски процеси и користење на производи емисиите на стакленички гасови се речиси идентични и се движат околу 763 гигаграми на јаглерод диоксид еквиваленти и во двата периода.
Целиот текст на Мета