Создадено е ново решение за луѓето кои не разликуваат повеќе бои. Научници од Универзитетот Калифа ги создадоа новите очила, кои треба да им помогнат со слеилото. Очилата се направени со 3Д принтер и може да се персонализираат за секоја личност посебно.
Студијата е објавена во научното списаниево април годинава. Иако користењето посебни бои за правење леќи за коригирање на слепилото на бои, овие 3Д очила се поинакви.
Леќите на новите очила се направени од провидна смола боена со комбинирање на бои кои филтрираат две бранови должини. Истражувачите ги прилагодиле очилата со користење три разллични концентрации на бои и ги споредиле 3Д печатените очила со комерцијално достапните опции за третирање далтонизам.
Далтонизмот е отсуство или дефицит на посебна пигментна молекула во центарот за вид. Тоа значи дека луѓето не можат да разликуваат одредени бои. Најчестиот случај е слепило на црвена и зелена боја,а повеќето луѓе користат различни решенија за да можат да функционираат нормално. Најчесто тоа се посебно обоени очила.
Истражувачите од Универзитетот Калифа велат дека голем предизвик е да се направат очила кои ќе се подесат за секој пациент посебно, иако на пазарот има се понапредна технологија и материјали. Освен тоа, очилата кои постојат на пазарот главно се гломазни и непријатни за носење. За да го решат тој проблем тимот од Калифа користел 3Д печатење за да направат рамка за очила која е удобна за носење и одговара на формата на лицето.
Очилата биле ставени во вода во текот на една недела за да ја тестираат стабилноста на боите. Нивните резултати покажале дека се стабилни и не била испуштена боја во водата. Освен тоа, цврстината и издржливоста на очилата биле докажани со тоа што очилата биле оставени на отворено уште една недела.
(Interesting Engineering)
(фото: Wikimedia)