Истражување на Grayling: паѓа репутацијата на брендовите на Интернет!

- Advertisement -

Меѓународната истражувачка агенција Grayling објави истражување кое покажува дека скоро половина од компаниите од листата на магазинот Forbes не го поминале тестот за отпорноста на брендот (brand resilience). Ваквиот резултат укажува на постоењето на значајни ризици од нарушување на репутацијата на брендовите на Интернет

Истражувањето именувано како Critical Conditions  ги испитува пребарувачките профили на меѓународните компании од различни индустрии кои се наоѓаат на листата Fortune Global 500. Во текот на истражувањето е користен посебна алатка за управување на репутацијата Gscor кој става акцент на најголемите проблеми со кои се соочуваат денес компаниите и утврдува во каква состојба се пребарувачките профили на испитаните брендови.

- Advertisement -

Се поставува и прашањето дали големите компании имаат адекватни дигитални и комуникациски стратегии кои можат да опстанат во онлајн просторот. Што покажува истражувањето?

– Дури и меѓу најголемите меѓународно компании, скоро половина имале негативна содржина на првата страница од своите пребарувачки профили на Google.

- Advertisement -

– Најголемиот дел од таа негативна содржина е со постар датум, најстарата приказна која била пронајдена кај една компанија била од 2013 година.

– Лошите искуства на корисниците имаат негативно влијание на пребарувачките профили на компанијата. Ако на пример една авиокомпанија сака да ја зголеми отпорноста на брендот онлајн, мора да работи на подобрување на корисничкото искуство, односи со јавноста, дигитална комуникација и управување со социјалните мрежи.

- Advertisement -

– Компаниите во секторот здравство најчесто се соочуваат со ризици како лоша бизнис пракса и сигурност на податоците на пациентите.

– После финансиската криза во 2008 година, компаниите од финансискиот сектор се соочуваат со негативна репутација која се должи на нетранспарентност и неетичко однесување.

– Потрошувачите се оттуѓуваат од прехрамбената индустрија поради неконзистентноста на она што се прикажува во рекламите со она што го добиваат во реалноста.

– Иако најголемите светски технолошки компании не се отпорни негативни содржини, сепак успеваат да се држат под контрола, па негативни приказни скоро и да не се појавуваат на првите страници во резултатите од пребарувањето. Најчестите ризици со кои се соочуваат овие брендови се сајбер нападите.

Џон Мекин, директор на одделот за стратешки комуникации на Greyling изјавил дека истражувањето покажало дека негативните приказни за брендовите не се забораваат лесно и тие може да имаат силно влијание врз репутацијата на брендот, па дури и на неговата вредност.

Наташа Трслиќ Штамбак која е регионална директорка на Greyling за југоисточна Европа додала дека пристапот до информации директно ја поврзува компанијата со својата публика и носи потреба за поголема корпоративна транспарентност и етичко однесување.

Пребарувањето на Google создава предизвици за репутацијата на брендовите и секоја компанија на која ѝ е важен имиџот, треба да има проактивен пристап при управување на сопствениот профил за пребарувања.

Истражувањето Critical Conditions е дел од истражувачката и информативната програма Advantage Series.

Сподели!
- Advertisement -