Австрија ја претстави кампањата за штедење струја „Мисија 11“: туширање со ладна вода и носење дебели чорапи

- Advertisement -

Австриската министерка за енергетика и заштита на околината, Леоноре Гевеслер, главната секретарка на компанијата AustriaEnergy, Барбара Шмит и директорот на Австриската агенција за енергетика, Франц Ангерер, денес на прес-конференција во Виена ја претставија кампањата на сојузната влада за заштеда на енергија наречена „Мисија 11“.

„Денес ја стартуваме Мисија 11 и се надеваме дека што е можно повеќе луѓе ќе се приклучат. Целта на Мисија 11 е мала промена на нашето однесување за просечно да се заштедат 11% енергија. Поточно, тој процент на заштеда се оечкува од секое австриско домаќинство. Затоа и се вика Мисија 11, а опфаќа низа препораки од владата како да се заштеди на енерргенси“ рече Гевеслер.

- Advertisement -

На пример, австриската влада препорачува Австријците повеќе да не се бањаат во кади, туку да се тушираат и тоа по можност со ладна вода. Односно, ако водата е топла, туширањето да е значително пократко отколку досега затоа што само една минута пократко туширање наводно штеди енергија до 20%. Потоа, греењето треба да се намали за барем 1 степени Целзиусови. Значи, наместо греење, луѓето ќе си носат подебела облека и чорапи, пишуваат тамошните медиуми.

Во јавните установи греењето на зима ќе биде ограничено на 19 степени Целзиусови. Исклучок се училиштата, градинките, болниците и домовите за стари лица. Што се однесува на струјата, се препорачува да се користат продолжни кабли и кога апаратите, односно уредите нема да работат, да се исклучат од струја затоа што со оглед на тоа дека просечното австриско семејство има 20 разни апарати, ќе се заштеди 10% струја.

- Advertisement -

Исто така, дадени се низа упатства како да се заштеди енергија при миењето чинии и перењето алишта, но и да се премине од обични светилки на ЛЕД светилки, со напомена дека со тоа се штеди дури 94% на струја. Осветлувањето на јавните згради ќе се гасне после 22 часот навечер. Исклучок одтоа е уличното осветлување.

Освен тоа, се препорачува низ град да се вози побавно за да се заштеди на гориво, а на автопатиштата да не се вози со повеќе од 100 км/ч, а по обичните паишта не повеќе од 80 км/ч. Од сопствениците на автомобили се очекува и се повеќе да се возат со јавен превоз или да возат велосипед наместо автомобил. Се препорачува и сите уреди да се користат во т.н. ЕКО програма.

- Advertisement -

Кампањата за штедење енергија не ги заборави и пушачите. Имено, на зима Гевеслер побара од угостителите на терасите во рестораните и кафулињата да не се користат греалки, плински или електрични, кои им овозможуваат на пушачите да седат на отворено и да пушат.

Во владините упатства се вели и луѓето кои живеат во исто соседство и не можат да користат јавен превоз, да се возат заедно со еден автомобил. Потоа, возачите барем еднаш месечно да го мерат притисокот во гумите затоа што пренискиот притисок значи поголема потрошувачка на гориво.

Претставувањето на кампањата Гевеслер, наводно, го започнала со наведување на причините зошто дошло до енергетска криза и поскапување на енергенсите.

„Путин сака да не уцени и да не омекне. Ние не можеме едноставно да гледаме како во Украина се убиваат луѓе. Тоа е и војна против нашиот западен модел на живеење. Нема веќе враќање. Мораме да се подготвиме за зимата најдобро што можеме“ вели австриската министерка.

(Vecernji.hr)

(фото: Mission11.at)

Сподели!
- Advertisement -