Замената на фосилните горива со други алтеративи на светот ќе му заштеди 12 трилиони долари

- Advertisement -

Транзицијата кон декарбнизиран енергетски систем до 2050 година се очекува на светот да му заштеди најмалку 12 трилиони долари. Тоа значи дека забрзано да работиме да се префрлиме од употреба на фосилни горива на поодржливи алтернативи. Тоа го покажа најновата студија на Универзитетот Оксфорд, објаена во весникот Joule.

Истражувањето покажало едно вин-вин сценарио, во кое брзата транзиција на светот кон чисти извори на енергија резултира со пониски трошоци за енергија, додека истовремено се произведува вишок енергија за глобалната економија и се овозможува пристап до енергија за многу повеќе луѓе во светот.

- Advertisement -

Сценариото Fast Transition разработува реалистична можна иднина во која енергетскиот систем во светот би бил без јаглерод диоксид до 2050 година. Според тоа сценарио, ќе се обезбедува 55% повеќе енергија глобално отколку денес и ќе се користат извори како соларната енергија, ветрот, батерии, електрични возила и чисти воила како шт е „зелениот водород“.

Водечкиот автор на студијата, д-р Руперт Веј, вели дека минатите модели предвидувале многу високи трошоци за транзиција кон нула карбонска енергија и ги спречувале компаниите да инвестираат во такви извори, а владите биле биле полни со сомнежи дали да носат нови политики за забрзување на транзицијата кон чиста енергија и да ја прекинат зависноста од фосилните горива. Но, трошоците за премин кон чиста енергија изминатата деценија се намалија многу побрзо отколку што предвидуваа тие модели.

- Advertisement -

„Нашето последно истражување покажа дека скалирањето на технологиите за чиста енергија ќе продолжи да поевтинува и колку побрзо се префрламе на чисти и одржливи извори на енергија, толку повеќе ќе заштедиме. Забрзаната транзиција кон обновлива енергија сега е нашата најдобра шанса не само за спас на планетата, туку и за намалување на трошоците а струја“ вели Веј.

(Oxford University)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -