Париз штеди струја – ќе ги гаси светлата на Ајфеловата кула

- Advertisement -

Париз ќе ги гаси светлата на Ајфеловата кула еден час порано од вообичаено, ќе ја намали температурата на водата на јавните базени и ќе го одложи загревањето а јавните установи со цел да се заштеди наенергија за претстојната зима, ијави градоначалникот на Париз.

Овие мерки имаат за цел да придонесат за остварување на целта на францускиот претседател, Емануел Макрон, да се намали консумацијата на енергија за 10%. ?Сето тоа се прави за земјата да се справи со се повисоките цени на енергенсите и стопираниот увоз на нафта и гас од Русија.

- Advertisement -

Низ Европа сите земји бараат начини да се намали потрошувачката на енергија и да се наполнат резервите на гас додека се спремаат за евентуален целосен прекин на увозот на нафта и гас.

Франција не е толку зависна од рускиот гас колку што се некои нејзини соседи, но рекордниот број на дефекти на нуклеарните реактори во земјата ја принудија Франција да увезува електрична енергија. Вообичаено, земјата е извозник на струја.

- Advertisement -

Ајфеловата кула моментално е осветлена до 1 часот наутро и изгледа како да е облеана со злато. На крајот на секој час 20.000 сијалици почнуваат да трепкаат и да прават вистинско шоу. Но, ако светлата на Ајфеловата кула се згаснат во 23:45 наместо во 1 часот наутро, ќе се заштедат 4% електрична енергија.

Освен тоа, градоначалникот на Париз, Хидалго, рече дека од 23 септември натаму светлата на сите јавни установи и згради ќе се гасат во 22 часот, додека температурата во јавните базени ќе се ограничи на 25 степени Целзиусови, а греењето во јавните установи ќе се намали на 18 степени Целзиусови.

- Advertisement -

Сметката за труја на градот Париз годинава ќе биде околу 90 милиони евра, што е 35 милиони евра повеќе отколку вообичаено.

(Reuters)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -