Создадена ткаенина за облека која на лето лади, а на зима грее

- Advertisement -

Стартап формиран од бивши истражувачи на материјални науки разви ткаенина за облека која може да ја намали цената на енергијата. Американската компанија LifeLabs е основана од истражувачи на материјални науки од Универзитетот Стенфорд, кои досега имаат пријавено 11 патенти дизајнирани за човештвото да ја намали потрошувачката на енергија.

Нивниот најнов производ се технологии за правење облека наречени CoolLife и WarmLife, за кои велат дека се дизајнирани за удобност на носење и за намалување на трошоците за греење и ладење.

- Advertisement -

„Со намалување на енергијата која се користи за греење и ладење во зградите во кои живееме или работиме LifeLabs се надева дека ќе влијае на стопирање на климатските промени“ вели соосновачот на компанијата и професор по материјални науки на Универзитетот Стенфорд, Ји Цуи.

Идејата на LifeLabs била да направи облека од ткаенина која е провидна за инфрацрвените зраци од телото и која ќе блокира разлчни бранови должина инфрацрвена светлина која ја емитува Сонцето. Додека, посебна линија облека за зима ќе работи во обратен правец за да ви биде потопло.

- Advertisement -

„Ако можете да се чувствувате удобно со термостатот подигнат за 4 степени на лето и намален за 4 степени на зима, можете да ја намалите потрошувачката на енергија за 12% годишно, што значи дека годишно ќе се испуштат 160 кг СО2 помалку во атмосферата“ велат од LifeLabs.

WarmLife технологијата рефлектира 100% од топлината на вашето тело назад на кожата, при што потребни се 30% помалку материјал во споредба со друга облека за зима.

- Advertisement -

CoolLife со помош на инфрацрвената провидност овозможува топлината од телото да излезе и да паден општата температура на телото, со што се создава континуиран ефект на ладење, за разлика од која било друга облека.

Летната и зимската облека на LifeLabs се продава онлајн на овој линк.

(Vidi.hr)

(фото: LifeLabs)

Сподели!
- Advertisement -