Индискиот милијардер Гаутам Адани го престигна Џеф Безос со своето богатство

- Advertisement -

Индискиот милијардер Гаутам Адани, кој забрзано се искачува по скалата на најбогатите луѓе во светот, го престигна Џеф Безос, кој досега беше вториот најбогат човек во светот.

На Адани му биле потребни само 10 месеци да се пресели од 14-тото место на листата, на второто место со богатство од 146,9 милијарди долари. Прв на листата на Блумберг и натаму е Илон Маск, кој е „тежок“ 260 милијарди долари.

- Advertisement -

Ова е прв пат Азиец да се рангира толку високо на листата на Блумберг, на која долго време доминираат западните технолошки претприемачи.

Богатството на Адани од 146,9 милијарди долари, кое главно е поврзано со акциите на неговиот голем конгломерат Адани Груп, но сè уште е далеку зад 260 милијарди долари на Маск. Групата работи низа бизниси, вклучувајќи пристаништа и јаглен, кои напредуваа во последниве годин

- Advertisement -

Акциите во некои од фирмите на Адани скокнаа за повеќе од 1.000 отсто од јуни 2020 година, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за силата на конгломератот во области како што се инфраструктурата и обновливите извори на енергија на кои премиерот Нарендра Моди им даде приоритет за развој.

Акциите на неговиот водечки Адани Ентерпрајс се зголемија за повеќе од 115 отсто оваа година.

- Advertisement -

Адани (60), кој инаку е најбогатиот човек во Азија, го напуштил колеџот за да си ја проба среќата во индустријата за дијаманти во Мумбај во раните 1980-ти пред да се сврти кон јаглен и пристаништа.

Неговиот конгломерат оттогаш се проширил на сè, од аеродроми до центри за податоци, цемент, медиуми и зелена енергија, фокусирајќи се на области кои премиерот Нарендра Моди ги смета за клучни за постигнување на долгорочните економски цели на Индија.

Сподели!
- Advertisement -