Основачот на Patagonia, Ивон Шуинард, објави дека ќе ја донира својата компанија за борба со климатските промени. Планинарот кој ја основаше компанијата сега вредна над милијарда долари вели дека со овој негов потег сака да го спаси целиот свет наместо да имаат корист само неколкумина луѓе преку приватизација.
„Наместо да ја стави,ме на берза, може да се рече дека си задаваме цел. Наместо да црпиме ресурси од природата и да ги трансформираме во богатство за инвеститорите, ние ќе го искористиме богатството на Рatagonia за да го заштитиме изворот на сите богатства – Земјата“ изјави Шуинард.
Шуинард сега има 83 години и на новинарите им откри дека вредноста на неговата компанија ќе се компромитира ако ја продаде на некој друг. Затоа тој одлучил да ги префрли своите околу 3 милијарди долари во фондот Patagonia Purpose Trust and Holdfast Collective.
„Поминаа речиси 50 години откако почна нашиот експеримент за одговорен бизнис, а сепак изгледа како допрва да почнуваме. Ако сакаме да имаме надеж дека планетата ќе ни живее 50 години отсега, наместо да имаме успешни бизниси, сите ќе мора да се снаоѓаме со ресурсите што ги имаме. Тоа е друг начин сите да придонесеме за иста цел“ додаде Шуинард.
Тоа значи дека сиот профит на компанијата кој не е реинвестиран во бизнисот ќе оди во Holdfast Collective и ќе се пренасочи кон еколошки цели. Се проценува дека тоа ќе бидат околу 100 милиони долари годишно.
Patagonia е основана пред 50 години и е позната по својата посветеност на планетата Земја. Шуинард изјави дека се надева оти овој негов потег ќе инспирира други бизнис да почнат да работат за доброто на планетата.
(Business Insider)
(фото: Patagonia)