Ел Салвадор стана првата земја во светот која го легализираше биткоинот како валута паралелно со американскиот долар, кој во 2001 година беше прифатен како национална валута. Тоа се случи пред една година, а претседателот на земјата, Најиб Букеле, кој е ентузијаст за криптовалутите, ја промовираше иницијативата како нешто што ќе има голем економски бенефит за Ел Салвадор. Тој тогаш реќе дека биткоиниот ќе привлече странски инвестиции, ќе генерира работни места и ќе му помогне на народот побрзо да напредне во вистински правец.
Неговите амбиции отидоа дотаму што сакаше да изгради вистински биткоин град, каде што нема да има данови, а ќе го финансира со државни обврзници вредни 1 милијарда долари. Планот беше да потроши половина од обврзниците на градот, а половина за да купи биткоин. Тој очекуваше профит, со кој планираше да ги враќа обврзниците.
Легализацијата на биткоинот не значеше само користење на криптовалутата на ист начин како доларот. На пример, ако жител на Ел Салвадор сака да купи нешто и да плати со биткоин, а продавачот ја прифаќа криптовалутата, се е во ред. Но, Букеле сакаше повеќе од тоа. Легализацијата значење дека продавачите, без разлика што продаваат, се обврзани да го прифатат биткоин како валута од секој што ќе сака да им плати во биткоин.
За да ги поттикне луѓето да користат биткоин владата креираше и апликација наречена Chivo Wallet (“chivo” е дијалектен збор за кул) за замена на биткоин за долари без да се наплаќаат такси. Исто така, на секој жител на Ел Салвадор му беше даден бонус од 30 долари, што и не е малку во земја каде неделната плата е околу 360 долари.
Сепак, и покрај сето тоа, експериментот не е успешен. Едно национално истражување, во кое учсествувале 1.800 домаќинства од Ел Салвадор, направено во февруари годинава, покажало дека само 20% од популацијата го користи Chivo Wallet за трансакции со биткоин. Над 40% од населението ја симнале апликацијата, но само за да го земат бонусот од 30 долари.
Само 20%од испитаниците кои биле сопственици на бизниси рекле дека прифаќаат биткоин како валута. Тоа биле главно поголеми компании. Друго истражување на Трковската комора во земјата направено во март годинава покажало дека само 14% од бизнисите користат биткоин при трансакциите.
За среќа на жителите на Ел Салвадор, ништо не испадна од шемата на Букеле со обврзниците вредни 1 милијарда долари, но владата на Букеле сепак потрошила 100 милиони долари за биткоини. Тие биткоини сега вредат помалку од 50 милиони долари.
Кога Букеле го најави својот план во јули 2021 година, биткоин вредеше околу 35.000 долари. Додека да се донесе законот за користење биткоин во септември истата година, биткоин вредеше околу 45.000 долари. Два месеци подоцна го достигна врвот од 64.400 долари, а сега се продава по околу 20.000 долари.
Пред една година Букеле го мотивираше населението да купат биткоини. Секој што го послушал досега претрпел невидена загуба.
Меѓународните кредитни агенции Fitch годинава го намалија кредитниот рејтинг на Ел Салвадор поради загриженост за нивната политика за биткоин. Ниеда друга земја која има сопствена национална валута, дури ни такви како Симбабве и Венецуела, не го следеа примерот на Ел Салвадор да ја заменат својата валута со биткоин, а со оглед на неуспехот на експерментот, сигурно никоја нема да го направи тоа ни во иднина.
(Interesting Engineering)
(фото: Biznewzpost)