ВИДЕО: Погледнете како ќе изгледа концептот на iPhone 13

- Advertisement -

Откако ги видовме сите модели од дванаесеттата серија на iPhone, време е да ѕирнеме во иднината на телефоните на Apple. Вредните дизајнери од екипата ConceptsiPhone ја претставија својата визија за iPhone 13 уредите, односно неавторизираниот концепт кој не е потврден од Apple.

Нивното видување кое се базира на гласини, протечени информации, желбите на фановите и разиграната фантазија на дизајнерите, укажува на бројни надградби, вклучувајќи и нов екран, нови бои, четири камери и iOS 15, идниот мобилен оперативен систем на Apple, како што можете да видите од видеото подолу.

- Advertisement -

Новите модели од серијата iPhone 13 треба да се појават наесен во 2021 година и повторно може да видиме четири телефони – iPhone 13 mini, iPhone 13, iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max. Многу фанови очекуваат и iPhone 13 Fold со екран на преклоп. Од друга страна, секогаш постои можноста да се прескокне бројката 13 ако во Apple веруваат во лоша карма, па можеби ќе го најавиме и iPhone 14.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenhsot)

Сподели!
- Advertisement -