Револуционерно откритие: научници претвораат пластика во дијаманти

- Advertisement -

Научниците успеаја со помош на пластика да го реконструираат процесот на настанување на дијаманти и процесите кои се случуваат длабоко во најоддалечените планети од Сончевиот систем.

Претпоставката дека под исклучително висок притисок и високи температури, водородот и јаглеродот се претвораат во дијаманти на оддалечени планети како што се Уран и Нептун целосно го окупира мозокот на научниците веќе подолго време.

- Advertisement -

Најновото истражување на оваа тема, објавено во списанието Science Advance, сега го споменува и кислородот како еден од факторите во овој процес и оотврдува дека т.н. дожд од дијаманти е многу почеста појава отколку што се мислело порано, како и дека се случува во внатрешноста на планетите.

Познато е дека надвор од нашиот Сончев систем најчесто планетите се гиганти прекриени со мраз, а новите сознанија укажуваат на тоа дека дождот од дијаманти е многу честа појава која се случува длабоко во нив. Меѓутоа, научниците како што е авторот на новата студија, Доминик Краус, сметаат дека ваквиот вид на дожд се разликува од тие што се случуваат на Земјата.

- Advertisement -

Како го спровеле експериментот? За да го реконструираат овој процес Краус и неговиот тим од мешавина од јаглерод, водород и кислород од PET пластика и моќен оптички ласер решиле да направат дијаманти. Јакиот и краток влесок со голема јачина им овозможил да го набљудуваат процесот на настанување на мали и за човечкото око речиси невидливи т.н. нанодијаманти.

Експериментот на овој начин потврдил дека кислородот кој се наоѓа на оддалечените ледени планети помага атомите од водород да се одвојат од јаглеродот.

- Advertisement -

Според студијата објавена во списанието Science Advances, ова е повторување на експериментот направен пред над 5 години, но овој пат со користење на стариот и добар полиуретан терефтилат.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -