Што му прави на вашиот мозок само еден час шетање низ шума?

- Advertisement -

Нова германска студија нуди некои од досега најцврстите докази дека мозочната активност поврзана со стресот може да се намали со шетање во природа. Исторсики гледано и за споредба, градовите претставуваат радикално нов вид на живеалишта за луѓето, кои и покрај поволностите кои ги нудат, честопати му штетат на нашето ментално здравје. Научни истражувања го поврзуваат животот во урабни средини со поголем ризик од тешкотии, депресија и други проблеми со менталното здравје, вклучувајќи и шизофренија.

Нова германска студија објавена во научното списание Molecular Psychiatry исто така навестина и решение за тоа, а тоа е дека посета на дивината, дури и накратко, се поврзува со многу бенефити за менталното и физичкото здравје, вклучувајќи и низок крвен притисок, намалена депресија, подобро расположение, подобар фокус, подобро спиење, подобро памтење и побрзо оздравување.

- Advertisement -

Таа корелација ја потврдија бројни истражувања, но науката мора да научи уште многу. На пример, може ли само шетањето низ шума да ги предизвика сите тие корисни промени вомозокот? И ако може, како го прави тоа?

Едно добро место за барање на одговорот е амигдала, мала структура во центарот на мозокот вклучена во процесирањето на стресот, емоционалното учење и реакцијата на борба или бегање. Научните истражувања покажуваат дека амигдалата помалку се активира при стрес кај руралното население во однос на граѓаните, но тоа не значи дека руралниот живот е причината за тоа. Можеби е обратно, и луѓето кои природно ја имаат таа особине поверојатно ќе живеат на село.

- Advertisement -

За да одговорат на тоа прашање истражувачи од Институтот Макс Пленк за човечки развој осмислија нова студија, овој пат со помош на финкционална магнетна резонанца. 63 здрави доброволци учествувале во истражувањето и од нив било побарано да пополнат прашалник, да меморираат работи и потоа да им биде направена магнетна резонанца. Во меѓувреме одговарале на прашања кои некогаш им предизвикувале стрес.

Научниците им рекле на некои да шетаат низ трговски центар или во шума, по одредена рута на која било локација, без да свртат или да користат мобилен телефон. После штетањето, секој учесник направил уште еден MRI преглед, со дополнителни задачи кои им предизвикувале дополнителен стрес. Потоа пополниле уште еден прашалник.

- Advertisement -

Второто скенирање покажало намалена активност во амигдалата после шетањето во шума, што оди во прилог на идејата дека природата може да поттикне корисни бенефити во регионите од мозокот вклучени во стресот. Исто така, изгледа дека тоа може да се случи после само 60 минути шетање во шума.

Резултатите ја поддржуваат претпоставената позитивна врска меѓу природата и мозокот, но ова е прва студија која докажува директна врска. Учесниците во истражувањето кои шетале низ шума пријавиле дека им се подобрил фокусот и повеќе уживале во самото шетање од оние кои шетале низ град, што е во склад со резултатите од претходни истражувања.

(Science Alert)

(фото: pxhere)

Сподели!
- Advertisement -