Леонардо Дикаприо поддржува кампања за заштита на реките во Босна и Херцеговина

- Advertisement -

Холивудската филмска ѕвезда Леонардо Диикаприо се придружи на повиците упатени до властите во БиХ трајно да ја забранат изградбата на мини хидроелектрани во земјата и така да го спречат уништувањето на реките и на околината.

„Реките во БиХ треба да течат слободно“ напиша Дикаприо на своите профили на Facebook и Twitter и истакна дека градењето мини хидроелектрани загрозува повеќе од илјада километри речни текови во земјата.

- Advertisement -

Холивускиот актер со ова ја поддржа кампањата на различните еколошки здруженија и невладини организации чија цел е заштита на реките во БиХ. Организацијата наречена Здружение за општествени промени потсетува дека во среда истекува рокот до кој требало да се спроведе заклучокот од Парламентот на БиХ од јуни годинава за целосна забрана на изградбата на малите хидроелектрани.

Координацијата на различни здруженија наречена Коалиција за заштита на реките потсетува дека повеќе од 430 мали хидроелектрани во земјата веќе се изградени или се планира нивната изградба, со што се уништуваат некои од најзачуваните и најразнолики европски реки и шуми, се пренасочува и се загадува водата.

- Advertisement -

Реките меѓу Словенија и Албанија, вклучувајќи ги и реките во БиХ се сметаат за најбитно загрозено живеалиште на биолошката разновидност на слатките води во Европа, а 69 животински видови кои има во тие реки не живеат на ниедно друго место во светот.

(N1)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -